Примера

Реал лесно триумфираше кај Села и за прв пат по 27 месеци е пред Барса на табелата (ВИДЕО)

Реал Мадрид со победа од 3-1 на гостувањето кај Селта ја почна новата сезона во Примера.

За разлика од подготовките каде што имаше бледи изданија, Реал Мадрид на стартот на сезоната во Примера се покажа во поинакво светло.
 
Зидан и Бејл ги надминаа недоразбирањата, Велшанецот беше стартер и одма покажа дека треба да биде во тимот.
 
По негова асистенција во 12. минута Карим Бензема постигна гол за водство на Реал Мадрид од 1-0.
 
По десет минути игра во вториот дел се чинеше дека пред Реал Мадрид се проблеми. Лука Модриќ доби црвен картон по еден старт врз противнички играч. Судијата по консултација со ВАР го исклучи Хрватот.
 
Реал Мадрид долго време требаше да биде со десет играчи, но тоа не само што не влијаеше негативно на кралскиот клуб, туку брзо дојдоа нови голови.
 
Во 61. минута Крос испука проектил од далечина за водство на Реал Мадрид од 2-0.
 
На десет минути пред крајот по една одлична акција Лукас Васкез даде гол за 3-0, тука беа решени сите дилеми околу победникот.
 
Во судиското продолжение Селта преку Лосада успеа само да постигне почесен гол за конечни 3-1 за Реал Мадрид.
 
Барселона вчера загуби, па Реал Мадрид прв пат по 27 месеци е пред големиот ривал на табелата.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе