„Кралевите“ очајно сакаат да се разделат со играчот

Реал конечно најде купец за Бејл, Тотнем сака да го врати Велшанецот за 50-60 милиони евра?!

Реал Мадрид очајно сака да се раздели со Герет Бејл ова лето и Тотнем би можел да им направи услуга на „кралевите", клубот од Лондон сака да го врати Велшанецот и е подготвен да плати помеѓу 50 и 60 милиони евра.

Герет Бејл не е дел од плановите на Зинедин Зидан па „кралевите“ се обидуваат да го продадат фудбалерот за да приберат средства за балансирање на буџетот но и да ја тргнат неговата голема плата од сметките (се шпекулира за сума помеѓу 15 и 17 милиони евра годишно).

Сепак, за Велшанецот никој не пројавува интерес (освен клубови од Кина кој сакаат да не му платат ништо на Реал) и „кралевите“ очајно бараат купец. Утрово Марка пренесе дека конечно некој пројавил желба и објави дека Тотнем сака да го врати Герет Бејл во своите редови.

Наводно „спарси“ биле подготвени да платат помеѓу 50 и 60 милиони евра за услугите на фудбалерот кого во 2013 му го продадоа на Реал Мадрид за преку 100 милиони евра.

Ваквите вести сигурно се добредојдени кај лидерите на Реал Мадрид, но брзо беа оладени од агентот на Герет Бејл.

Во разговор со ТокСпорт, Џонатан Барнет рекол дека ова се фабрикувани глупости и порачал: „Не сакам да коментирам вакви безвредни стории“.

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе