Два клуба од Премиерлигата се опција

Реал ќе му плаќа на Бејл за да си оди од Мадрид ова лето

Реал Мадрид ја разгледува опцијата да му плати на Герет Бејл за да си оди ова лето, „кралевите" ќе покриваат половина од платата на Велшанецот во неговиот нов клуб.

Зинедин Зидан не смета на Герет Бејл и на сите им е јасно дека играчот нема иднина на Сантијаго Бернабеу но трансфер никако да се реализира. Реал сака да се ослободи од неговата плата, 15 милиони нето годишно (30 милиони евра брути) но во исто време ова преставува проблем, тешко дека некој клуб, особено сега во коронавирус криза, ќе одвои ваква сума.

Последните информации велат дека „кралевите“ ја разгледуваат опцијата да му платат на Герет Бејл за да си оди ова лето.

Телеграф пишува за формула со која шампионот на Шпанија ќе покрива половина од платата на Велшанецот во новиот клуб и тоа во следните две сезони.

Весникот ја посочува Премиерлигата како дестинација, Тотнем и Манчестер јунајтед се посочуваат како најсериозни кандидати, па останува да видиме што ќе се случи во следните три-четири недели.

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе