„Кралевите“ минатото лето беа прилично тивки на трансфер пазарот но се очекува да го одврзат ќесето по крајот на сезоната. Новинарот Жозеп Педрерол во емисијата „Ел Чирингито“ порача дека Флорентино Перез ќе донесе големо име.
Настапот на трансфер пазарот е поврзан со иднината на Лео Меси и каква одлука ќе донесе Аргентинецот. Доколку го одбере ПСЖ, Реал Мадрид со сите сили ќе тргне по Килијан Мбапа, но доколку остане во Барселона, „кралевите“ ќе се насочан кон Ерлинг Халанд.
„Во Реaл се убедени дека ќе донесат големо име. Доколку Мбапе не пристигне, тогаш ќе тргнат по Халанд. Еден од овие двајца ќе биде нов фудбалер на Реал следната сезона“ – вели Педрерол.