ЛИГА НА ШАМПИОНИ

Реал и Сити убедливи, Ливерпул ремизираше против Севиља (ВИДЕО)

Реал Мадрид и Манчестер Сити со убедливи победи над АПОЕЛ односно Феенорд започнаа во Лигата на шампионите, Ливерпул на враќањето помеѓу елитата одигра само 2-2 против Севиља

Актуелниот шампион без многу проблеми со 3-0 славеше пред своите фанови против аутсајдерот АПОЕЛ.

Роналдо го отвори резултатот во 12. минута, а потоа од пенал зголеми на 2-0 на стартот од вториот дел. Точка на натпреварот стави Рамос по еден час игра. Дефанзивецот со ножички ја затресе мрежата на гостите.

Манчестер Сити исто така убедливо тргна во Лигата на шампионите. „Граѓаните“ многу полесно од очекувањата славеа кај Феенорд.

Стоунс донесе водство веќе во втората минута, а Агуеро донесе 0-2 по 10 минути игра. Габриел Жесус најави убедлива победа во 25. минута, а Стоунс со својот втор гол во 63. минута од средбата го постави конечниот резултат.

Ливерпул на враќањето во најелитното европско натпреварување разочара пред своите фанови и одигра 2-2 против Севиља.

Бен Једер најави изненадување со гол во 5. минута, но потоа Фирмино и Салах погодија за пресврт и водство на домаќините од 2-1.

„Црвените“ на полувреме можеа да замиант со уште поубедлива преднот, но Фирмино промаши пенал.

Казната за ова стигна во 72. минута, кога Кореа го замолкна Енфилд и погоди за 2-2.

На останатите денешни натпревари, Марибор и Спартак Москва одиграа 1-1, истиот резултат гласеше на пресметката помеѓу РБ Лајпциг и Монако, Шахтар со 2-1 го доби Наполи, Бешикташ славеше во Португалија кај Порто со 1-3, а победа од 3-1 забележа и Тотнем во дуелот со Борусија Дортмунд.

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе