Познат распоредот за новата сезона во Примера

Реал и Барса стартуваат на гостински терен, класиката во октомври и март

Познат е распоредот за новата сезона во шпанската Примера, бранителот на трофејот, Барселона почнува со незгодно гостување кај Атлетик Билбао, Реал Мадрид оди кај Селта.

Денеска е направена ждрепката за новата сезона во Примера, Барселона и Реал Мадрид првите мечеви ги играат на гостински терен.
 
Барселона оди кај Атлетик Билбао, Реал Мадрид и гостува на Селта. Атлетико Мадрид почнува дома, ќе го пречека тимот на Гетафе. Барди и Леванте гостуваат кај Алавез.
 
Првото Ел Класико се игра во десетото коло, на 27 октомври Барселона ќе го пречека Реал Мадрид. Дуелот на Бернабеу се игра на 1 март како дел од 26 коло.
 
Новата сезона започнува на 18 август, завршува на 24 мај.
 

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе