Фудбалерот од Белгија не е дел од плановите за следната сезона

Реал го загуби трпението, Еден Азар е ставен на продажба

Новинарот Жозеп Педрерол во емисијата „Ел Чирингито" објави дека Реал Мадрид решил да го стави Еден Азар на продажба, на „кралевите" им е преку глава од лошите партии на фудбалерот од Белгија.

Во 2019 година, Еден Азар стана најскапото засилување во историјата на Реал Мадрид откако „кралевите“ на Челси му платија 100 милиони евра, а беа договорени уште додатни 50 милиони евра во бонуси.

Но Реал Мадрид виде малку аир од фудбалерот кој мака мачи со повредите и никако да блесне во белиот дрес.

Новинарот Жозеп Педрерол во емисијата „Ел Чирингито“ објави дека на „кралевите“ им е преку глава од слабите партии на на Еден Азар, кој требаше да прави разлика на теренот, па играчот е ставен на продажба.

Останува да се види кои клубови ќе бидат заинтересирани за Еден Азар и какви понуди ќе бидат доставени.

Со слична сторија излезе и Марка, весникот пренесе дека Еден Азар заедно со Иско и Марсело не се дел од плановите за новата сезона, но додава дека тешко ќе се најде купец поради нивните високи плати.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе