Го надвладаа емоциите и заплака

Реал го промовираше Лопетеги: Вчерашниот ден беше најтажен во мојот живот, но денешниот е најсреќен

Хулен Лопетеги вели дека вчерашниот ден кога доби отказ од Шпанија на 24 часа пред светско е еден од најтажните во неговиот живот, но затоа пак денешниот е најсреќен бидејќи потпиша за Реал

По турбулениот ден кој го имаше „Фуријата“ и шокантниот отказ кој му беше врачен на Хулен Лопетеги на 24 часа пред почетокот на мундијалот, стратегот вечерва се појави пред новинарите, но во друга улога.

Реал Мадрид не трошеше многу време и веднаш го промовираше Хулен Лопетеги за нов тренер на церемонија која се одржа во ложата на Сантијаго Бернабеу.

„Возбуден сум бидејќи ова е ден кога треба да се биде возбуден. Најпрво сакам да му се заблагодарам на претседателот Флорентино Перез и на Реал Мадрид за довербата која ми ја укажавте и одговорноста која ми ја доделивте. Знам што значи да се биде тренер на овој клуб, и што се бара од мене“ – изјави Хулен Лопетеги.

„Ќе го дадам максимумот за продолжиме да пишуваме историја. Чувствувам дека сум кадарен за оваа голема авантура и верувам дека ќе имам сила и енергија за овој предизвик“.

Стратегот потоа се расплака кога објаснуваше за цунамито кое го предизвика неговиот ангажман во Реал Мадрид и заминувањето од кормилото на Шпанија на ден пред почетокот на Светското првенство.

„Вчерашниот ден, по оној кога почина мојата мајка, веројатно беше најтажен во мојот живот“ – рече Лопетеги со солзи во очите. „Но овој ден е најсреќниот во мојот живот, па сакам уште еднаш да им се заблагодарам на сите во Реал, веќе се чувствувам дел од ова семејство“.

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе

Литературните дејци отсекогаш биле предвесници на некое ново време. Немале натприродна моќ да ја предвидат иднината.

повеќе

Политичките раководства во Република Македонија мора да сфатат дека немаат комодитет да ги занемаруваат економските политики на сметка на политичките агенди.

повеќе