Ла Лига

Реал едвај собра тим но го победи Хетафе и се доближи на 5 бода до Атлетико (ВИДЕО)

Реал Мадрид и покрај големиот број на отсуства славеше со 2-0 против Хетафе, Бензема и Менди донесоа три бода со кои „кралевите" дојдоа на -5 во однос на Атлетико Мадрид.

Поради повреди и суспензии, Зинедин Зидан едвај собра тим за дуелот со Хетафе, но и покрај тоа, Реал Мадрид лесно се справи со градскиот ривал и стигна до победа од 2-0.

Откако беа пропуштени неколку добри шанси во првиот дел, Бензема го отвори резултатот по еден час игра. Жуниор нафрли од десно а Французинот одлично се снајде и со глава ја затресе мрежата на гостите.

Победникот беше решен во 66. минута,  Марсело уфрли топка на пет метри а Менди реализираше за 2-0.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе