ПСЖ преферира да го испрати играчот во Мадрид

Реал е многу поблиску до потписот на Нејмар отколку Барса, би можел да го добие и на позајмица

Медиумите од Франција велат дека Реал во моментов е поблиску до потписот на Нејмар откоалку Барса, не се исклучува можноста ПСЖ да го испрати Бразилецот на позајмица во Мадрид.

До крајот на летотото Нејмар сигурно ќе биде името кое најмногу ќе се споменува во трансфер шпекулациите на медиумите. Бразилецот е решен да замине од Париз и „светците“ нема да му прават проблем.

Се веруваше дека Барселона е единствената дестинација на Бразилецот, но во последните неколку дена во игра влезе и Реал, па двата лути ривали сега ќе се надмудруваат надвор од теренот.

Се чини дека Мадрид е пореална опција во моментов, „Ле Парисиен“ пишува деака Шеиците му се лутат на Нејмар поради желбата да замине, па за возврат бараат многу пари. Весникот вели дека цената на Бразилецот е најмалку 200 милиони евра.

Барселона не сака да плати ниту едено евро, „каталонците“ инсистираат на размена на играчи, и ова преставува сериозен проблем за комплетирање на зделката.

Реал Мадрид можеби во моментов нема 200 милиони евра, но може да прибере солидна сума на средства со продажба на Герет Бејл, Хамес Родригез и Маријано Диаз.

Исто така Флорентино Перез е во одличен однос со својот колега од Париз, Насер ал Келаифи па може да се избори за поповолни услови. Однос помеѓу Барса и ПСЖ практично и да нема, па „светците“ за инат би можеле да го пратат играчот во Мадрид дури и на позајмица само за тој да не заврши на Камп Ноу.

Барса се надева дека желбата на Нејмар да се врати ќе се покаже како клучна, дека тој ќе го одбие предлот на Реал со што ќе го стави ПСЖ под притисок и „светците“ ќе немаат друг избор освен да преговараат со Барселона.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе