Напаѓачот се чувствувал комфорно на Енфилд

Реал доставил навистина добра понуда, Салах кажал НЕ за преселба во Мадрид

Мохамед Салах имал можност да се пресели на Сантијаго Бернабеу, пред две години добил добра понуда од Реал Мадрид, но решил да остане во Ливерпул бидејќи се чувствувал комфорно на Енфилд.

„Кралевите“ во 2018 се обиделе да го ангажираат Мохамед Салах, ова го откри помошник тренерот на Египет. Напаѓачот на маса имал добра понуда, но на крајот решил да остане во Ливерпул бидејќи се чувствувал комфорно на Енфилд.

„Кога работев со Ектор Купер, имавме тренинг камп во Швајцарија (март 2018). Разговарав со Салах и тој ми откри дека добил понуда од Реал Мадрид. Понудата беше навистина добра, Мо дискутираше со мене и со господинот Купер, и на крајот реши да остане во Ливерпул бидејќи таму се чувствуваше комфорно“ – вели Хани Рамзи.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе