„Кралевите“ продолжуваат да го кројот тимот за следната сезона

Реал договори уште едно засилување, пристигнува Ериксен по финалето од Лигата на шампионите

„Кралевите" имаат капарисано уште еден играч за следната сезона, на Бернабеу треба да пристигне Кристијан Ериксен од Тотнем а трансферот ќе биде соопштен по финалето од Лигата на шампионите.

Реал Мадрид веќе го купи Едер Милитао а се верува дека и трансферите на Еден Азар и Лука Јовиќ се завршена работа. Според емисијата „Ел Чирингито“, договорено е уште едно засилување.

Новинарот Хаиме Астраин објави дека Кристијан Ериксен ќе биде играч на Реал Мадрид на стартот од следниот месец.

„Реал Мадрид има договрено играч за следната сезона, се работи за Кристијан Ериксен. Трансферот ќе биде соопштен по финалето од Лигата на шампионите (1. јуни)“ – рече тој.

Новинарот исто така објасени дека „кралевите“ се обиделе како дел од зделката да го испратат Герет Бејл во Лондон, но „спарси“ го одбиле овој предлог, па Реал во целост ќе ја плати сумата која Тотнем ја побарал за услугите на Данецот, иако таа не беше обелоденета.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе