Ла Лига

Реал без Зидан на клупата до убедлива победа кај Алавес (ВИДЕО)

Реал Мадрид се опорави од шокантната елиминација во Копа дел Реј со одлично издание и убедлива победа од 1-4 на гостувањето кај Алвес.

Без Зинедин Зидан на клупата, „кралевите“ лесно го победоа Алавес. Французинот поради ковид-19 не можеше да седи на клупата, но неговото утсуство не се почувствува, Реал Мадрид славеше со убедливи 1-4.

Касемиро погоди со глава по еден прекин за 0-1 во 15. минута, Бензема постигна атрактивнен гол од врвот на шеснаесетникот за 0-2 во 41. минута, а пред самиот крај на првиот дел, Азар се најде осамен пред голманот на Алавес и го матираше за 0-3.

По еден час игра, Хоселу намали на 1-3, но тоа беше се што направија домаќините. Бензема со својот втор гол во 70. минута ги потврди трите бода.

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе