20 годишниот Доменик Собослаи, кој има откупна клаузула од 25 милиони евра, важи за еден од најперспективните играчи во Европа, па подолго време е во бележниците на гигантите.
Последните информации велат дека тој го одбрал следниот клуб, Скај Германија објави дека Унгарецот продолжува во Бундеслигата, во редовите не РБ Лајпциг.
Спортскиот директор на РБ Салцбург, Криштоф Фројнд оаа недела бил на гости кај сестринскиот клуб, начелно е постигант договор и останува само да се испеглаат некои ситни детали и играчот да стави потпис на документите.
РБ Лајпциг минатата година извиси за потписот на Ерлинг Халанд, па очигледно ја научиле лекцијата и сега нема да погрешат.