Премиерлига

Разочарувачко Мерсисајд дерби, мрежите мируваа на Гудисон парк (ВИДЕО)

Ливерпул разочара, речиси не создаде ниту една шанса за гол на гостувањето кај градскиот ривал Евертон, мечот заврши 0-0. 

На Ливерпул му требаа уште шест бода за да ја завери титулата во Премиерлигата, фудбалерите на Клоп денеска освоија само еден.
 
Најголемата шанса за гол ја имаше Евертон кога Дејвис од близина ја погоди стативата од голот на Алисон Бекер. Ливерпул речиси и да не создаде посериозна шанса за погодок.
 
Салах и Робертсон поради повреди не играа, а во текот на мечот Клоп ги загуби и Матип и Милнер.
 
Во следното коло Ливерпул на Енфилд ќе го пречека тимот на Кристал Палас. 

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе