Двајцата имаа многу пороци

Разговорот помеѓу Гаскоњ и Марадона пред почеток на натпревар: Малку сум пијан... Не се секирај, и јас сум пијан

Пол Гаскоњ го сподели своето искуство со Диего Марадона, Англичанецот раскажа како двајцата малку пијани се појавиле на пријателски натпревар помеѓу Севиља и Лацио.

По смртна на Диего Марадона, од сите страни на светот пристигнуваат пораки, а многу поранешни фудбалери споделија приказни и искуства со легендарниот Аргентинец.

Пол Гаскоњ реши да раскаже за средбата со Диего Марадона во 1992, кога Севиља и Лацио играле пријателски натпревар.

„Во авионот испив неколку пијачки, па кога го видев во тунелот пред да излеземе на терен, му реков „Диего, малку сум пијан“. Ме погледна и ми рече, „Не се секирај Газа, и јас сум малку пијан““ - открива Англичанецот.

„На мечот, издриблав четворица, дадов гол и му реков на Марадона, „Ајде да те видам ако можеш подобро“. Но погрешив, тој потоа беше неверојатен, права фудбалска магија. Каков играч“.

„Моја икона е Брајан Робсон, но Диего беше феноменален фудбалер“.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе