Лига на шампиони

Рашфорд во финишот го сруши ПСЖ во Париз! (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед со гол на Рашфорд во финишот од мечот победи на гостувањето кај ПСЖ, Лацио со 3-1 ја совлада Борусија Дортмунд, немаше голови на дуелот меѓу Челси и Севиља. 

На Манчестер јунајтед не му оди најдобро во Премиерлигата, но имаше фантастичен старт на сезоната во Лигата на шампионите откако дојде до три бода на гостувањето кај фаворитот, ПСЖ.
 
Резултатот беше отворен во 23. минута од пенал, Бруно Фернандеш промаши од белата точка, но шутот беше повторен бидејќи Навас не ја газеше белата линија, Португалецот не промаши по втор пат, Манчестер јунајтед поведе со 1-0.
 
По десет минути игра во второто полувреме, Марсијал си постигна ефектен гол со глава за израмнување на 1-1.
 
Кога натпреварот се ближеше кон крајот и се очекуваше мечот да заврши нерешено, Рашфорд постигна гол во 87. минута за голема победа на Манчестер јунајтед.
 
Лацио имаше одлично враќање во Лигата на шампионите, ја победи Борусија Дортмунд со 3-1.
 
Отвори Имобиле уште во шестата минута, а Хитц си постигна автогол во 23. минута за водство на Лацио од 2-0.
 
Во 71. минута Халанд го намали резултатот на 2-1, но само пет минути подоцна Акпа Акпро ги постави конечните 3-1.
 
На третото денешно дерби, дуелот меѓу Челси и Севиља, немаше погодоци, натпреварот заврши 0-0.
 
Барселона со 5-1 го прегази Ференцварош, последните два гола каталонците ги дадоа со играч помалку откако Пике доби црвен картон во 68. минута. Сите пет стрелци за Барса беа различни играчи, погодија Меси, Фати, Кутињо, Педри и Дембеле.
 
Лајпциг со 2-0 го победи Башакшехир, а Рен и Краснодар одиграа нерешено 1-1.
 
Претходно Јувентус со 2-0 славеше кај Динамо Киев, а Клуб Бриж со 2-1 победи на гостувањето кај Зенит.
 

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе