Премиерлига

Рашфорд промаши пенал, Де Хеа киксираше, Кристал Палас си замина од Олд Трафорд со победа (ВИДЕО)

Кристал Палас го изненади Манчестер јунајтед и во драматична завршница стигна до триумф од 2-1 на гостувањето на Олд Трафорд со голот на Ван Анхолт во 93. минута од мечот.

Непријатен пораз за Солшер и „ѓаволите“, Кристал Палас попладнево со три бода си замина од Олд Трафорд. Гостите до триумф стигнаа во драматична завршница и погодок длабоко во судиското надополнување. 

Ају навести изненадување во 32. минута, кога рутински го матираше Де Хеа за 1-0. Манчестер јунајтед имаше шанса за изедначување по 25 минути игра во вториот дел откако судијата покажа на белата точка. Рашфорд ја превзеде одговорноста, но ја погоди само стативата. 

„Ѓаволите“ сепак дојдоа до 1-1 во 89. минута. По една одлична акција, младиот Џејмс убаво пласираше за изедначување. 

И кога се очекуваше Манчестер јунајтед да притисне со сите сили за победа, пристигна студен туш во 93. минута. Ван Анхолт биеше на првата статива, Де Хеа не реагираше на потребното ниво и дозволи топката да заврши во неговата мрежа. 

На останатите мечеви од 16 часот, гостите исто така доминираа. Вест Хем со 3-1 славеше кај Ватфорд, Лестер со 2-1 го свлада Шефилд јунајтед а Саутемптон со 2-0 триумфираше крај Брајтон.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе