Манчестер јунајтед

Рашфорд: Мурињо ме научи како да добивам пенали

Маркус Рашфорд открива дека Жозе Мурињо додека му бил тренер во Манчестер јунајтед го научил како да добива повеќе пенали.

Манчестер јунајтед добива многу повеќе пенали од конкурентите и Клоп и Мурињо веќе и гласно почнаа да го констатираат тоа. Но Рашфорд вели дека токму Португалецот го научил како почесто да добива пенали.

„Како напаѓачи ние сакаме да постигнуваме голови. Кога трчате или дриблате и кога ќе видите дека доаѓа некој старт, не сакате да бидете удрени бидејќи гледате можност за постигнување на гол“, вели Рашфорд.

„Нема шанса да му дозволите на некој да ви ја земе топката, па според мене ние напаѓачите треба гледаме да постигнеме гол, а дефанзивците да се одбранат и знаете дека пеналите може да се случат понекогаш“.

„Но имаше периоди кога не добивавме пенали. Ми текнува кога Жозе Мурињо ни беше тренер, имаше пет-шест ситуации во кои не добив пенал, а според мене требаше“.

„Жозе тогаш ми рече: „Доколку не си свесен за ситуацијата и начинот на кој го правиш тоа, тогаш нема да добиеш пенал. Потоа почнавме да добиваме пенали“.

„Тоа беше нешто кое со процесот на развој како фудбалер треба да го научиш и да го сфатиш“.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе