НАПАЃАЧОТ НА ЈУНАЈТЕД ИМА НЕВЕРОЈАТНА СТАТИСТИКА

Рашфорд е мајстор за деби натпревари, постигна гол и на својот прв настап во ЛШ (ВИДЕО)

Маркус Рашфорд е неверојатен, напаѓачот на Манчестер јунајтед повторно постигна гол на едно натпреварување во кое дебитираше.

Рашфорд не беше стартер во победата на Манчестер јунајтед над Базел од 3-0 во Лигата на шампионите. Напаѓачот во игра влезе во 77. минута, а само седум минути подоцна постигна гол.
 
Тоа беше негово деби во Лигата на шампионите и веднаш постигна гол со што ја направи уште поимпресивна неговата статистика.
 
Претходно Рашфорд постигна гол на своето деби во Лига Европа, на својот прв натпревар во Премиерлигата, на првиот меч за англиската репрезентација и на дебито во Лига Купот на Англија.
 
На пет натпреварувања како дебитант Маркус Рашфорд постигнува голови, Манчестер јунајтед и Англија имаат голем напаѓач кој има само 19 години.
 

Определуваќи се за европските вредности на демократијата се наоѓаме пред историска шанса која не треба и не смее да се пропушти не само во односите со Бугарија.

повеќе

Македонија сѐ повеќе заглавува во сиромаштија чија стапка изнесува скоро 22 отсто од вкупното население, речиси една третина од децата живеат во сиромаштија.

повеќе

Дали поновите, посјајните и посложените нешта автоматски значи дека се подобри? Всушност, најчесто вистината е спротивна на тоа.

повеќе