Колегите од нападот се фатиле за гуша

Раниери организирал јога час за да ги релаксира играчите, Митровиќ и Камара се степале!

Весникот Сан пишува за тепачка во теретаната на Фулам, на јога час кој требал да ги релаксира играчите, дошлo до конфротација помеѓу Александар Митровиќ и Абубакар Камара.

Клаудио Раниери минатата недела сакал да ги релаксира играчите со час по јога, но планот на стратегот пропаднал во вода. Според пишувањата на Сан, Италијанецот останал запрепастен откако настанала тепачка помеѓу Александар Митровиќ и Абубакар Камара.

Србинот сметал дека колегата од нападот е непристоен кон јога учителот, па двајцата се фатиле за гуша и морале да бидат разделени од соиграчите. Веста за конфротација помеѓу двајцата голгетери ја потврди и Скај Спортс.

Митровиќ и Камара еднаш веќе се натегаа и тоа пред очите на сите кога се расправаа кој да шутне пенал против Хадерсфилд. И покрај тоа што Србинот е прв изведувач, Французинот ја зеде топката и не дозволи друг да ја изведе најстрогата казна.

Абубакар промаши, но за среќа на Фулам, Митровиќ само неколку минути подоцна постигна гол и донесе три бода. Тогаш Клаудио Раниери изјави дека му идело да го убие Камара.

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе