петок, 10 мај 2024

Руски хакери презеле контрола врз украинските телевизии и ја емитувале воената парада во Москва (ВИДЕО)

Руски хакери успеале на неколку украински и летонски телевизиски канали да ја емитуваат годишната воена парада на московскиот Црвен плоштад по повод Денот на победата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Со воената парада беше одбележана 79-годишнината на победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија во Втората светска војна.

Во Украина, на мета на хакерскиот напад се нашла медиумската група Старлајт медиа и јавната телевизија Интер, како и каналите Дим и Апостроф ТВ, потврди сајтот Детекор медиа.

Во Летонија руски хакери извршиле успешен напад на телевизискиот и интернет оператор Балтиком, кажа директорот на медиумското регулаторно тело Иварс Аболинс.

Украина во текот на војната забрани емитување на руските телевизиски канали. Киев отворил истрага за денешниот руски сајбер напад. Летонија исто така отворила истрага за нападот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ