Во пресрет на мечот меѓу Јунајтед и Фулам

Раниери: Мурињо прв ми посака добредојде

Жозе Мурињо и Клаудио Раниери долго време немаа добар однос, но работите се променија кога Лестер ја освои шампионската титула во Англија, сега Португалецот и Италијанецот се пријатели.

Престојниот викенд Манчестер јунајтед го пречекува Фулам, Мурињо и Раниери ќе имаат нова средба.

Тие двајца имаа вербални војни кога едниот беше тренер на Интер а другиот ја водеше Рома. Тогаш Жозе го нарече Клаудио вечно втор бидејќи и покрај годините кои ги имаше, немаше освоено голем трофеј.

Но работите се променија кога Раниери ја освои титулата со Лестер. Мурињо му симна капа на Италијанецот кој сега открива дека 

Жозе прв му посакал добредојде кога тој беше назначен за нов тренер на Фулам.

„Жозе е фантастичен човек, тој беше првиот кој ми прати порака и ми рече „Добредојде“, откри Раниери.

„Тој е многу пријателски човек. Го познавам долго време, откога дојде во Челси. Со мене се однесуваше многу културно во секој момент“.

Без оглед на фактот што од постоењето на уметноста постои и теорија и приказна за тоа, уметничкиот процес останува крајно неразбирлив.

повеќе

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе