„Рани куче да те лае“: Владата им дава пари, а балистите ќе навиваат за Косово против Македонија

Навивачите на Шкендија, „балистите“, уште еднаш ќе навиваат против земјата во која живеат. Овојпат нивната поддршка ќе ја има Косово, кое на 26 март во Скопје ќе излезе на исклучително важен дуел против Македонија.

Навивачите на актуелниот македонски шампион, Шкендија, ќе навиваат против Македонија. Изненадување? Не. Познат е ставот на „балистите“ - облеани со албански национализам, тие ниту на сон не би ѝ дале поддршка на македонска репрезентација, иако во неа значаен број од репрезентативците се Албанци.

Во минатото „балистите“ навиваа за Албанија кога таа играше против Македонија, а сега нивната поддршка против нашата земја ќе ја има Косово. Се договорија со косовските навивачи „Дарданианс“ на 26 март да се обединат и заедно да навиваат против нас.

Но на „балистите“ не им пречи сè што е македонско: на пример, не им пречеа парите што ги добија од владата за самопромоција. Минатата година Министерството за култура на Македонија им додели пари да направат видео во кое се промовираа себеси.

Тажно е кога ќе видите дека парите што сте ѝ ги платиле како данок на државата таа ги дава за промоција на групи што не еднаш се свртеле против неа, но реалноста е таква. На 26 март на Националната арена „Тодор Проески“, која тие ја нарекуваат „Арена Адем Јашари“, тие ќе пеат песни против Македонија.

За разлика од „балистите“, навивачката група на Шкупи, „Шверцери“, потврди дека нема да навива организирано за Косово. Но не затоа што им е многу мила Македонија, туку тие потенцираа дека навиваат само за една држава, за Албанија.

Од друга страна, пак, другите значајни навивачки групи во Македонија за миг ги оставаат настрана своите меѓусебни ривалства и обединети ќе ја бодрат нашата репрезентација на натпреварот што може да нè однесе на еден чекор до историски успех, пласман на Европското првенство.

Р. Ѓ.

Фото: ФК Шкендија

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе