ногумина велат дека Роналдо е проблемот на Манчестер јунајтед, но статистиката вели дека тој го носи тимот на грб. Тој постигна дури 21 гол оваа сезона во сите натпреварувања од кои 15 во Премиерлигата.
По натпреварот Ралф Рангник беше запрашан за иднината на Кристијано Роналдо.
„Тоа не е моја одлука. Кристијано има уште една година од договорот. Тоа е одлука која новиот тренер треба да ја донесе заедно со бордот“, вели Рангник.