Преговорите пропаднаа во последен момент

Рангник објасни зошто му пропадна преселбата во Милан: Ваков потег воопшто немаше да биде мудар

Ралф Рангник објасни зошто не се договорил со Милан, вели дека серијата добри резултати биле причина за тој да не го превзеде кормилото на „росонерите".

На почетокот од годината почнаа да кружат гласини за пристигнување на Ралф Рангник во Милан, се најавуваше дека Германецот ќе има улога која ретко се гледа во денешно време и ќе извршува двојна функција, односно ќе биде тренер и спортски директор.

Шпекулациите за преселба на Ралф Рангнин на Сан Сиро беа причина Звонимир Бобан во март јавно да го искритикува раководството на клубот и да добие отказ.

Но минатиот месец се случи пресврт, кога се чинеше дека сè е договорено, преговорите помеѓу двете страни пропаднаа а „росонерите“ го наградија Стефано Пиоли со нов договор.

Во разговор за „Зидојче Цајтунг“, Ралф Рангник сега изјави дека немало логика да се прават промени во Милан по серијата добри резултати по ре-стартот на сезоната во Серија А.

„Ништо не се случи поради добрата серија по ре-стартот на сезоната. Не можете да го смените тренерот по девет победи и три нерешени резултати. Без разлика од која перспектива се гледа на работите, од моја или од страна на клубот, еден ваков потег воопшто немаше да биде мудар“ – вели Германецот.

„Доколку јас се ставам во позиција на „миланистите“, без разлика дали станува збор за тренерскиот персонал, директорите, играчите или фановите, тешко дека ќе разберев зошто клубот би сакал да менува сè по ваков позитивен период“.

Добро е, во прво време, г. премиер, да го поттикнете Вашиот министер за култура да најде погодна форма да се преобјави книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Конески, пишува професорот Атанас Вангелов во отворено писмо до премиерот Зоран Заев.

повеќе

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе