Од следната сезона

Рангник е нов селектор на Австрија, но ќе продолжи да работи и за Манчестер јунајтед

Ралф Рангник е именуван за нов селектор на Австрија, но тој ќе има и улога на консултант на Манчестер јунајтед. 

Рангник потпиша договор со Фудбалската федерација на Австрија да биде селектор на оваа земја до 2024 година.
 
„Ќе го преземам националниот тим на Австрија по крајот на сезоната но ќе продолжам да бидам консултант на Манчестер јунајтед. Ќе му помогнам на Манчестер јунајтед повторно на биде вистинска сила“, изјави Рангник.
 
Манчестер јунајтед потврди дека Рангник ќе ја има консултантската улога за која од претходно беше предвиден и покрај тоа што стана селектор на Австрија.
 
„Рангник потпиша двегодишен договор со Австрија. Но тој ќе продолжи со консултантска улога на Олд Трафорд како што беше и планирано откако Тен Хаг беше именуван за нов тренер“, се вели во соопштението на Манчестер јунајтед.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе