Квалификации за ЕП 2020

Рамос со нова „паненка“ донесе победа за Шпанија, младиот Кин испиша историја за Италија (ВИДЕО)

Шпанија со 2-1 ја доби пресметката со Норвешка, Серхио Рамос со „пененка" од белата точка донесе три бода, Италија рутински славеше со 2-0 над Финска во меч кој го одбележа дебитантот Моисе Кин.

Фаворитите според планот вечерва во квалификациите за ЕП 2020, Шпанија, Италија, Босна и Грција се радуваа на победи.

Во Валенсија, Серхио Рамос со „паненка“ од белата точка донесе три бода. „Црвената фурија“ поведе со голот на Родриго и послем имаше уште неколку шанси за зголемување на предноста. За слабата реализација стигна казна во 65. минута кога Кинг од пенал изедначи на 1-1.

Сепак, пет минути подоцна судијата покажа на белата точка и за Шпанија, а Серхио Рамос остана смирен и реализираше за 2-1.

Во Удине, Италија рутински се справи со Финска со 2-0 а мечот помина во знакот на дебинатот Моисе Кин. Големиот талент на Јувентус погоди во свето деби за „аѕурите“ и со 19 години и 23 дена стана вториот најмлад стрелец за Италија по Бруно Николе во 1958 година.

Босна пред своите фанови со 2-1 ја совлада Ерменија а Грција со 0-2 триумфираше на гостувањето кај Лихтенштајн.

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе

Додека Бугарите се убедуваат себеси и нас дека Гоце Делчев бил Бугарин, да се потсетиме на некои од Гоцевите искажувања, кои ја одразуваат неговата големина и неговото визионерство.

повеќе