Емотивна порака на капитенот на Реал

Рамос се збогуваше од Роналдо: Ми беше чест да играм покрај тебе ѕверу! (ФОТО)

Серхио Рамос со порака на социјалните мрежи се збогува од Кристијано Роналдо и му порача на Португалецот дека вечно ќе биде во срцата на навивачите на Реал Мадрид

Откако изминативе денови не престана да се пишува за мега трансфер на Кристијано Роналдо во Торино, „Кралевите“ попладнево соопштија дека го продаваат Португалецот откако самиот играч побарал и изразил желба да се пресели во Јувентус.

Кратко по известувањето на Реал Мадрид се огласи и капитенот Серхио Рамос кој на социјалните мрежи испрати емотивна порака.

„Кристијано, твојте голови, бројки и се што постигнавме заедно говорат доволно. Заслужи посебно место во историјата на Реал Мадрид. Мадридистите ќе те паметат вечно. Ми беше чест да играм покрај тебе, ѕверу. Те прегрнувам и ти посакувам многу среќа!“ – гласеше пораката на дефанзивецот.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе