Лига на нации

Рамос погоди 25 пенали во низа, а вечерва промаши два за 23 минути (ВИДЕО)

Серхио Рамос е виновникот што Шпанија одигра 1-1 на гостувањето кај Швајцарија, дефанзивецот два пати промаши од белата точка, вториот шут му беше особено очаен.

„Црвената фурија“ сама си ја закомплицира ситуацијата во Групата 4 од Лига А, по поразот на гостувањето кај Украина, вечерва избраниците на Луис Енрике одиграа само 1-1 на гости кај Швајцарија.

Домаќините поведоа со голот на Фројлер во 26. минута, за во продолжението од мечот Серхио Рамос два пати да промаши од белата точка. Дефанзивецот имаше погодено 25 пенали во низа, но вечерва не реализираше два удари од 11 метри во период од 23 минути.

Гостите сепак дојдоа до бод, во финишот од мечот, Жерард Морено погоди за 1-1. Шпанија сега во последното коло ќе треба дома да слави против Германија доколку го сака првото место на табелата и пласман на Ф4 турнирот.

На вториот натпревар од Група 4, Германија со 3-1 ја совлада Украина. Гостите поведоа со голот на Јаремчук, но „панцерите“ брзо го свртеа резултатот во своја корист. Сане изедначи на 1-1, а Вернер во 33. минута донесе 2-1. Напаѓачот на Челси во 64. минута погоди по втор пат и ги реши сите дилеми околу трите бода.

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе