Квалификации за ЕП 2020

Рамос откри зошто му даде на Мората да шутира пенал: Напаѓачите живеат за голови...

Серхио Рамос синоќа одигра во голема форма против Шведска, еден гол даде, а можеше уште еден од пенал но му овозможи на Мората да се израдува на погодок.

Шпанија ја победи Шведска со 3-0, а серијата погодоци беше отворена со гол на Рамос од пенал. Шпанците имаа уште еден пенал, но овој пат Серхио му дозволи на Алваро Мората да го изведе ударот од белата точка. Одлука која изненади многумина.
 
Запрашан зошто му дозволил на Мората да шутира иако мечот се уште беше 1-0,  резултатот беше активен, Рамос одговори: „Напаѓачите живеат за голови и Мората е убиец“.
 
„Откако го изведов првиот пенал, има ли подобар начин од тоа да му дозволите на еден од вашите соиграчи да го врати своето најдобро расположение и да постигне гол“.
 
„Работата и гордоста се заеднички. Резултатот е тој што е значаен, а не кој ги дал головите“.
 

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе