Капитенот реагирал веднаш

Рамос најпрво му замерил на Роналдо па му дал поддршка: Сите сме со тебе, но...

Марка открива детали од разговорот помеѓу Серхио Рамос и Кристијано Роналдо во соблекувалната по изјавата на Португалецот со која на големо изненадување најави заминување од Реал Мадрид

Роналдо ги изненади сите, па дури и своите соиграчи, со изјавата по последниот свиреж во финалето од Лигата на шампионите и најавата за можно напуштање на Сантијаго Бернабеу.

Марка пренесува дека Серхио Рамос реагирал веднаш и откако тимот се повлекол до соблекувалната, дефанзивецот му пришол на ЦР7 да го опомене дека ова не е начин на кој треба да се однесува но во исто време му дал и поддршка.

„Не е добро тоа што го направи, избра лош момент да кажеш нешто такво. Почекај, не инсистирај. Мораш да направиш чекор наназад и ние ќе ти помогнеме. Сите сме со тебе, но и ти самиот мораш да ни помогнеш“ - гласела пораката на капитенот до првата ѕвезда на тимот.

Националното достоинство и идентитет не се статични „од Бога дадени" категории, туку динамични категории кои зависат од нашите постапки и акции.

повеќе

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе