Капитенот ќе разгледува понуди од други клубови

Рамос го известил првиот човек на Реал: Ми кажаа дека ПСЖ ќе прави страшен тим со мене и Меси

Новинарот Жозеп Педрерол пренесува дека Серхио Рамос имал средба со Флорентино Перез, дефанзивецот го известил претседателот на Реал дека не е задоволен од предлогот за нов договор и ќе почне да слуша понуди од други клубови.

Серхио Рамос е обврзан кон „кралевите“ до 30. јуни па од почетокот на оваа година слободно може да потпише пред-договор со друг клуб.

Реал Мадрид сака да го задржи и според емисијата „Ел Ларгеро“ на СЕР, капитенот на маса има предлог за двегодишен договор (1+1) и 10% помала плата од таа која ја заработува во моментов (15 милиони евра). Но Серхио Рамос и луѓето од неговиот табор, се уште немаат одговорено на понудата.

Според емисијата „Ел Чирингито“, Флорентино Перез минатата недела имал средба со Серхио Рамос.

„Предлогот кој ми го доставивите нема да го прифатам и ќе почнам да слушам други понуди“ - била пораката која дефанзивецот му ја испратил на претседателот.

Новинарот Жозеп Педрерол вели дека капитенот не застанал тука и додал: „Ми кажаа дека ПСЖ ќе прави страшен тим со мене и Меси“.

Претседателот на Реал Мадрид кратко одговорил: „Доколку имаше навистина добра понуда, ќе те разбереме“.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе