Раскинат договорот на дефанзивецот

Рами наместо да се појави на тренинг се бореше во кал на реално шоу, па сега доби отказ од Марсеј

Адил Рами остана без ангажман, Марсеј го раскина договорот на дефанзивецот поради низа сериозни прекршувања на клупските правила.

Според пишувањата на Л'Екип, Марсеј го известил Адил Рами дека му е раскинат договорот. Искусниот дефанзивец пред неколку месеци, наместо да се појави на тренинг, зеде учество во популарното реално шоу „Фор Бојар“ и се бореше во кал.

Ова не беше единствениот грев на Французинот, тој дополнително ги прекршил клупските правила бидејќи имал повреда.

Марсеј во прв момент го суспендираше Адил Рами, а Л'Екип сега пренесе дека раководството на клубот се решило да му врачи отказ. 

Иако се уште нема официјална потврда, весникот вели дека на Адил Рами му е испратено писмо со кое фудбалерот е известен дека договорот му е раскинат.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе