Манчестер јунајтед минатото лето потроши околу 120 милиони фунти на засилувања, „ѓаволите“ ќе продолжат да инвестираат и во иднина, Ралф Рангник не очекува големи засилувања во јануари, но се кројат планови за следното лето и покрај тоа што ќе пристигне нов тренер по крајот на сезоната.
Според пишувањата на Сан, Германецот дал зелено светло за ангажман на Деклан Рајс од Вест Хем, кој подолго време е на радарот на клубот од Олд Трафорд.
Вест Хем нема лесно да се откаже од својата ѕвезда и Манчестер јунајтед ќе треба да го урне сопствениот трансфер рекорд, се говори за зделка вредна околу 100 милиони фунти.