Французинот на чекор до Камп Ноу

Раководството на Атлетико знае дека Гризман се има договорено со Барса и си оди летоска

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Антоан Гризман си подал рака со Барселона и за ова знае и раководството на Атлетико Мадрид.

Французинот минатото лето силно се поврзуваше со преселба на Камп Ноу, но на крајот тој реши да остане верен на Атлетико. Сепак, сега одново се пишува за негов трансфер во Барселона.

Во емисијата „Ел Ларгеро“ на Кадена СЕР, беше објавено дека во таборот на „колчонероси“ знаат дека Антоан Гризман веќе им дал збор на „каталонците“.

„Атлетико знае дека Гризман се има договорено со Барса, тоа е завршена работа“ - вели новинарот Ману Карењо.

Според СЕР, оаа недела се очекува да има серија состаноци за да се финализира сè. Никој не сака да се повтори сагата од минатото лето кога на Антоан Гризман му беа потребни месеци да донесе одлука, а напаѓачот дури и сними документарен филм за целата ситуација.

Од 1. јули, неговата откупна клаузула ќе биде 120 милиони евра и ова е сумата која Барселона ќе ја треба да ја плати.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе