Му пропаднал голем трансфер

Ракитиќ: Роналдо ми се јави и ме повика да му се придружам во Јувентус, но Барса побара 50 милиони

Иван Ракитиќ открива дека во 2019 добил повик од Кристијано Роналдо, ЦР7 му предложил трансфер во Јувентус но Барселона побарала 50 милиони евра, сума која била превисока за „старта дама".

Иван Ракитиќ минатото лето замина од Камп Нои и се врати во Севиља во зделка вредна 1,5 милиони евра плус бонуси.

Хрватот сега открива дека во 2019 имал понуда да се пресели во Јувентус, лично му се јавил и Кристијано Роналдо, но Барселона побарала 50 милиони евра, сума која била превисока за „старата дама“.

„Летото во 2019, Кристијано Роналдо ми се јавили лично и ме повика да му се придружам во Јувентус. Ми рече дека клубот ме посакува, но зделката не се реализираше. Барселона побара 50 милиони евра, што беше премногу“ – вели Иван Ракитиќ.

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе

За првпат во историјата на албанската демократија, една иста партија ќе биде на чело на земјата три последователни мандати. 

повеќе