Хрватот не е задоволен од својот статус во клубот

Ракитиќ: Ми се игра фудбал, не ми се шета по улиците и плажите во Барселона

Иван Ракитиќ вели дека му е тешко што не е на теренот и се надева дека неговата ситуација ќе се промени и тој ќе се врати во тимот.

Иван Ракитиќ сакаше да замина изминатово лето, но клубот побара високо обесштетување кое никој не сакаше да го плати.
 
Оваа сезона тој играше многу помалку отколку што тоа беше случај лани, не е во првите планови на Валверде и тоа му пречи.
 
„Не знам што ќе се случи. Тешко е бидејќи сакам да играм а не само да бидам дел од тимот. Ќе го дадам најдоброто од мене за да ги променам работите во следните натпревари. Имам уште две години од договорот тука и нема подобро место за играње отколку Барселона, најдобриот клуб во светот, но треба да играм а не да уживам во прошетките низ градот и плажите“, вели Ракитиќ за хрватските медиуми.
 
Ракитиќ не крие дека изминатово лето се обидел да замине.
 
„Вистината е дека зборував со луѓето во клубот. Сите знаеа дека имам и други опции, тоа не е тајна. Се уште го сакам најдоброто за Барселона, но сакам да се борам за тимот да видат дека сум подготвен секогаш кога ќе имаат потреба од мене. Им благодарам на навивачите за љубовта изминатиот викенд. Но ако не се променат работите, ќе треба повторно да седнеме и да разговараме“.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе