Го навлече гневот на сите

Ракитиќ ги налути фановите но и директорите на Барса, една фотка може да биде пресудна за иднината на Хрватот

Иван Ракитиќ е на мета на фановите на Барселона а му се налутија и директорите откако на социјалните мрежи беше објавена слика од Хрватот со насмевка на лицето само неколку часа по срамната елиминација од Лигата на шампионите

По поразот од 4-0 на Енфилд, фудбалерите на Барса добиле два дена одмор, а Иван Ракитиќ решил да замине на панаѓур во Севиља, од каде потекнува неговата сопруга, која ја запозна додека го носеше дресот на „андалузијците“. 

И тоа веројатно немаше да биде проблем доколку на социјалните мрежи не се појавеше слика од Иван Ракитиќ со насмевка на лицето покрај Хосе Мариа Дел Нидо Караско, син на поранешниот претседал на Севиља. 

Па фановите веднаш збеснаа и го нападнаа играчот како може да биде во вакво расположение само неколку часа по срамната елиминација од Лигата на шампионите. 

Според РАК1, вознемирени се и директорите од бордот на Барселона, па оваа ситуација може да биде перфектно алиби за Жозеп Мариа Бартомеу да го прегази дадениот збор за нов побогат договор и да го стави на продажба Хрватот. 

Иван Ракитиќ требаше да добие покачувања на платата уште минатото лето, но лидерите на клубот побара трпение од играчот откако неколку други фудбалери добија нови договори. Тоа требаше да се случи ова лето, но со оглед на тоа дека пристигнува Френки де Јонг, Барса може да се раздели со репрезентативецот на „коцкастите“.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе