Квалификации за СП 2022

Ракип: Чест ми е што ќе играм за Македонија

Швеѓанецот со македонски корен, Ердал Ракип треба да дебитира за Македонија на престојните квалификациски натпревари против Лихтенштајн и Германија. 

Фудбалерот на Малме, Ердал Ракип го прифати повикот од селекторот Благоја Милевски. Тој ги има поминато сите младински селекции на Шведска, но ќе настапува за Македонија и вели дека е горд поради тоа.
 
„Прв пат пред неколку години Благоја Милевски ми понуди да играм за Македонија. Во тој период ми требаше време да размислам. За мене е голема чест што добив понуда да играм за репрезентацијата на Македонија и донесов одлука дека сега е вистинскиот момент да прифатам. Разговаравме со моето семејство и среќен сум што ќе играм во дресот на македонската репрезентација. Македонија е домот за моето семејство и одлуката сега воопшто не беше тешка“, изјави Ракип за официјалниот сајт на ФФМ.
 
„Селекторот и соиграчите ми помагаат во адаптацијата на новата репрезентативна средина. Разговараме и се обидуваме да се запознаеме подобро. Малку ми беше тешко првиот ден, но веќе е поинаку. Ги гледав последните натпревари на македонската репрезентација.Оваа селекција игра добар фудбал, во тимот има многу млади фудбалери кои формираат одлична екипа. Јас имам 25 години, сметам дека веќе сум во зрели фудбалски години и мислам дека во следните неколку години ќе напредуваме. Се обидувам да се вклопам во тимот, но без наметнување, туку улогата да си дојде сама по себе. Оваа репрезентација ќе напредува секоја наредна година. Ништо не доаѓа веднаш. Тимот е млад и желен за докажување“. 
 
„Секој натпревар е тежок. Треба да издвојуваме победа против Лихтенштајн, а потоа не очекува многу тежок меч на домашен терен против Германија. Во фудбалот секогаш има шанса за победа, но треба да се одигра максимално во текот на сите 90. минути. Но, да оставиме времето да покаже, сега сме фокусирани на мечот со Лихтенштајн. Чекор по чекор и секогаш да се стремиме кон победи“.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе