Контроверзниот агент со замерки за „ѓаволите“

Рајола жестоко го нападна Манчестер јунајтед: Никого не би однел таму, ќе го упропастат и Пеле и Марадона

Мино Рајола „удри" по Манчестер јунајтед, Италијанецот вели дека „ѓаволите" немаат спортски проект и дека можат да упропастат и играчи од калибарот на легендарните Пеле и Марадона.

Контроверзниот агент минатото лето се обиде да изнуди заминувње на Пол Погба од Олд Трафорд но Манчестер јунајтед не сакаше да слушне за трансфер и постави висока цена од преку 150 милиони фунти.

Се очекува Французинот и по крајот на сезоната да изрази желба за промена на средината и Рајола сега меѓу редови најави нешто такво.

Италијанецот жестоко го нападна Манчестер јунајтед, вели дека клубот нема спортски проект и може да упропасти и играчи од калибарот на легендарните Пеле и Марадона.

„Проблемот на Погба е Манчестер јунајтед, тоа е кулб надвор од реалноста, без спортски проект. Како што стојат работите во овој момент, никого не би однел таму, па тие сега ќе го упропастат и Пеле и Марадона. На Пол му е потребен тим како оној претходниот на Јувентус, од периодот кога играше за „старaта дама“ – вели контроверзниот агент.

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе