Контроверзниот агент има нова „златна кокошка“

Рајола трие раце, за трансферот на Халанд чека провизија од 15 милиони евра!

Контроверзниот агент Мино Рајола уште еднаш добро ќе се офајди, од трансферот на талентираниот Ерлинг Халанд чека провизија од 15 милиони евра.

19 годишниот напаѓач во скоро време треба да донесе одлука за својата иднина откако беше во посета на Борусија Дортмунд и РБ Лајпциг а одржа и разговори со Манчестер јунајтед и Јувентус.

Медиумите од Италија веќе шпекулираат дека „старата дама“ ја победила конкуренцијата и Ерлинг Халанд ќе заврши во Торино.

Од оваа зделка, добро ќе се офајди и Мино Рајола, според пишувањата на Билд, на контроверзниот агент треба да му се исплатат 15 милиони евра на име на провизија.

За фудбалот е лошо што вакви суми се одлеваат надвор, но од аспект на Ерлинг Халанд, Италијанецот веројатно го заслужува секое евро. Се говори дека Мино Рајола на талентираниот Норвежанец ќе му обезбеди договор вреден околу 35 милиони евра (загарантирана плата од 8 милиони евра по сезона, плус бонуси) како и премија од 8 милиони евра.

Билд додва дека РБ Салцбург ќе инкасира 22 милиони евра колку што изнесува откупната клаузула во договорот на Ерлинг Халанд, односно клубот ќе добие помалку од сумата (23 милиони евра) која агентот и играчот ќе ја поделата како провизија и премија.

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе