Агентот пак ја бранува јавноста

Рајола со порака до тифозите на Јувентус: Мора да сонувате трансфер на Погба, не сонувате само кога сте мртви!

Мино Рајола беше запрашан за враќање на Пол Погба во Јувентус, контроверзниот агент вели дека фановите мора да сонуваат но во моментов не сака ништо да говори на оваа тема.

Пол Погба минатото лето изрази желба да замине од Манчестер јунајтед, често се говореше за негов трансфер во Реал Мадрид, а како опција беше и враќање во Јувентус. „Ѓаволите“ сепак одбија да го продадат Французинот и поставија висока цена од речиси 200 милиони евра.

Но и понатаму има гласини дека фудбалерот од средниот ред не ја гледа својата иднина на Олд Трафорд, па Мино Рајола синоќа беше запрашан дали Пол Погба би можел одново да го облече „бело-црниот“ дрес.

„Тифозите на Јувентус мора да сонуваат, исто како сите други навивачи ширум светот, кога не сонувате... тоа значи дека сте мртви“ – вели контроверзниот агент.

„Од друга страна, јас работам во реалниот свет, треба да направам прав потег во право време за моите клиенти да напредуваат во нивните кариери. Сега не е време да зборувам дали Пол Погба ќе замине од Манчестер јунајтед и дали ќе се пресели во Јувентус или можеби Реал Мадрид или пак Барселона“.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе