Останува двата клуба да пронајдат заеднички јазик

Рајола потврди дека Де Лихт се договорил со Јувентус и го потсети Ајакс какво ветување дал пред 12 месеци

Мино Рајола потврди дека Матајс де Лихт се договорил со Јувентус, агентот исто така го потсети Ајакс дека пред 12 месеци дал ветување дека играчот ќе може да замине за 50 милиони евра.

Матајс де Лихт се договори со Јувентус, откако „старата дама“ му ги исполни барањата за плата од 12 милиони евра по сезона (8 милиони, плус додатни 4 милиони во лесно остварливи бонуси) како и откупна клаузула од 150 милиони евра.

Сега останува шампионот на Италија да пронајде заеднички јазик со Ајакс, и клубот од Амстердам го одби првиот предлог.

Според пишувањата на „Де Телеграф“ се работело за понуда од 50 милиони евра. Весникот пренесува дека Ајакс му дал ветување на Матајс де Лихт дека ќе може да замине за оваа сума доколу остане во клубот до 2019, па затоа и Јувентус доставил ваков предлог.

„Де Лихт се договори со Јувентус, сега се е во рацете на Ајакс, клубот треба да реши како ќе се справи со ситуацијата“ – вели агентот на играчот, Мино Рајола кој применува двојни аршини.

Пред неколку месеци, тие со Барса си подадоа рака за плата од 6 милиони евра, но потоа добија неколку побогати понуди и ги откачија „каталонците“.

Ајакс за услугите на Де Лихт бара околу 75-80 милиони евра, сума која и Барса и ПСЖ беа подготвени да ја платат.

За можноста целиот случај да добие правна разврска, Мино Рајола вели: „Арбитражен процес не доаѓа во предвид. Го советував Матајс да не се реши на еден ваков чекор бидејќи тоа не е негов ситл. Играчот само се надева дека Јувентус и Ајакс ќе покажат волја и трансферот брзо ќе биде комплетиран“.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе