петок, 19 април 2024

Лани брзите кредити регистрираа рекордни добивки

Според податоците на „Бизнис Мрежа” лани пет финансиски друштва ја зголемиле добивката за најлаку 30%, а кај две компании регистрирано е двојно зголемување на профитот.

Објавено на

часот

Сподели

Во однос на остварената добивка на врвот е Флекс кредит ДОО со 8,9 милиони евра за разлика од 4,8 милиони евра остварени во 2022 година или раст од 85,4%. Приходите на ова друштво во 2023 достигнале речиси 15,4 милиони евра во однос на 9,8 милиони евра приход остварен година пред тоа. Изразено во проценти, тоа покажува раст од 57,14%. Нето добивката не била занемарлива ниту во 2021 година, кога друштвото остварило нето добивка од 2,17 милиони евра, пренесува Локално.мк.

На второ место по остварена добивка во 2023 година е Финмак ДОО позната во јавноста како Тиго брзи кредити. Лани Тиго остварил добивка од нешто повеќе од 3 милиони евра што е помалку во однос на годината пред тоа кога добивката изнесувала 3,8 милиони евра. Но во однос на остварениот приход, Финмак лани ја завршил со приход од 20 милиони евра што е и најголем остварен приход меѓу топ петте финансиски друштва минатата година. Споредено со 2022, ова друштво бележи раст на приходите од 35,3 %.

На трето место е МКеш. И тие 2023 година ја завршиле со раст и на приходите и на добивката. Вкупните приходи лани достигнале 8,47 милиони евра или 19,2% повеќе од годината пред тоа и добивка која е за 56 отсто повисока од таа остварена во 2022 година.

ФД Кредисимо е на четвртото место по остварена добивка во 2023 година. Ова финансиско друштво ја зголемило добивката од 1,03 милиони евра во 2022 на 1,2 милиони евра во 2023-та, а позитивни поместувања има и на страната на приходите од 3,7 во 2022 година на повеќе од 4,5 милиони евра во 2023 година. Изразено во проценти, тоа е раст од 20,3 %.

Изи фајненс во 2023 година ја зголемило добивката за над 39 проценти во однос на 2022, а добри резултати имаат и ан приходната страна која покажува дека од 1,5 милиони евра во 2022 приходите лани скокнале на 2,47 милиони евра што претставува раст од над 64 проценти.

Интересно е што освен Кредисимо, приход од над 19 милиони евра минатата година направило и финансиското друштво Иуте кредит Македонија, но според остварената добивка од нешто над 487 илјади евра е на шестото место на табелата.

Споредувањето на податоците за работењето во 2022 година покажува дека Иуте кредит има раст на приходите од 24,9% и раст на добивката од 287 проценти.

Четвртата позиција е на Изи Фајненс кој годината ја завршил со добивка од 1,89 милиони евра.

Според објавените податоци, Флекс кредит, Финмак, МКеш, Кредисимо и Изи фајненс, во 2023 година направиле вкупен приход од 50,67 милиони евра, за разлика од 36,9 милиони приходувани во 2022 година или во проценти раст од 37,3 проценти.

Добивката на овие пет топ финансиски друштва лани изнесувала 16 милиони евра или 4,5 милиони повеќе од годината пред тоа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ