Французинот се поврзува со трансфер на Бернабеу

Рајола отворено за иднината на Погба: Имаше голем интерес од Реал Мадрид, сите знаме што значи Зидан...

Мино Рајола излезе со коментар за иднината на Пол Погба, вели дека Французинот сака да биде успеше и среќен, да освојува трофеи и награда и тоа да го прави во дресот на „ѓаволите".

Пол Погба минатото лето беше желба на Зинедин Зидан, често се шпекулираше за негов трансфер во Реал Мадрид но Манчестер јунајтед одби да го продаде Французинот. Но гласините никако да престанат, оваа недела одново имаше стории за негово заминување од Олд Трафорд.

Сепак, Оле Гунар Солшер утрово демантираше дека играчот ќе ја промени средината во јануари, а сега со коментар излезе и Мино Рајола. Агентот порачува дека желба на играчот е да биде успешен и среќен и да освојува трофеи и награди во дресот на „ѓаволите“.

„Кога Пол заминуваше од Јувентус, можеше да оди каде сака, но тој го послуша срцето и се врати дома. Пол сака да биде успешен и среќен, да освојува трофеи и награди, и би сакал тоа да го прави со Манчестер јунајтед“ – вели Мино Рајола во разговор со Телеграф.

„Да, постоеше голем интерес од Реал Мадрид но Манчестер јунајтед не сакаше да го пушти. Не кренавме врева поради тоа. Некои играчи се подготвени да направат екстремни работи во ваква ситуција, но не и Пол. Постоеше интерес од Реал, но Јунајтед не му дозволи да замине, и жал ми е поради ова бидејќи Пол е Французин и сите добро знаеме колку Зидан е важен фактор во француската фудбалска историја“.

Пол Погба често е мета на стручните коментатори, особено оние кои некогаш го носеле дресот на Манчестер јунајтед, но Мино Рајола вели дека неговиот клиент не ги заслужува сите тие критики.

„Погба не е такво момче какво што сакаат да го претстават Гери Невил и сите останати фрустрирани поранешни играчи кои велат, „треба да се засрами поради ова, да се засрами поради она“. Од што треба да се засрами? Секој ден работи напорно и го дава најдоброто од себе. Не се жали поради тоа што не игра во Лигата на шампионите. Дали е перфектен? Никој не е. Дали е одговорен за неуспесите? Чувствува дека е. Кога сте дел од тим, чувствувате одговорност за неуспех“.  

„Пол не може да му биде лут на Оле, бидејќи Оле секогаш се однесувал добро со него, уште од времето кога Солшер беше постар игра, а Погба беше младинец. Секогаш бил почитуван и сакан од Оле, па затоа никогаш не може да му се налути“.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе