Контроверзниот агент беше нападнат по трансферот на напаѓачот во Борусија

Рајола одговори на обвинувањата: Понудата на Манчестер јунајтед беше добра, но Халанд го одбра Дортмунд

Мино Рајола реши да ги прокоментира големиот број гласини кои се појавија синоќа по веста дека Борусија Дортмунд ја доби битката за потписот на Ерлинг Халанд, контроверзниот агент ја раскажа нивната страна од приказната.

„Милионерите“ синоќа реализираа голем трансфер откако го купија перспективниот Ерлинг Халанд. За Норвежанецот интерес пројави и Манчестер јунајтед, и веднаш по официјалното соопштение од Сигнал Идуна Парк, се појавија голем број на стории зошто напаѓачот не завршил на Олд Трафорд.

Прстот беше вперен кон Мино Рајола и условите кои ги поставил контроверзниот агент. Се говореше дека Италијанецот барал провизија од десетина милиони евра, откупна клаузула во договорот на Ерлинг Халанд и процент од следната продажба.

Попладнево се огласи самиот Мино Рајола кој ја раскажа нивната страна од приказната и објасни зошто Ерлинг Халанд не завршил на Олд Трафорд.

„Клубот кој разговараше најмногу и најдиректно со Халанд беше Манчестер јунајтед. Сите имаа можност да разговарат со него лично, тоа се случи бидејќи тој го познава Оле“ - вели Рајола во интервју за Телеграф.

„Едноставно Халанд почувствува дека во овој момент преселба во Манчестер јунајтед не е прав чекор во неговата кариера. Немаме ништо против Манчестер јунајтед или Оле. Ја одбра Борусија Дортмунд и среќни сме со изборот бидејќи оди во клуб кој е најдобар за него во овој момент. Доколку тој посакаше да се пресели во Манчестер јунајтед, јас ќе бев обврзан да го однесам во Манчестер јунајтед, но тој не изрази таква желба“.

„Понудата од Манчестер јунајтед беше добра, но кога имате 19 години, можеби е подобро да не се преселите во Премиерлигата. Не станува збор за пари, едноставно играчот одлучи да настапува за Дортмунд во оваа етапа од кариерата“.

„Не знам дали луѓето од Манчестер јунајтед ги пуштија гласините кои се појавија, доколку тоа е точно, веројатно сакаат да понудат изговори и оправдување. Немало расправија помеѓу мене и Ед Вудворд, преговорите беа нормални и играчот одбра друг пат. Доколку сакаат да пронајдат виновник, немам ништо против тоа да го вперат прстот во мене. Знам дека играчот е среќен, тој одбра каде сака да игра“.

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе

Во време кога пандемијата на коронавирусот и понатаму е вон контрола, најдобар економски исход на кој би можеле да се надеваме е рецесија која ќе биде подлабока од онаа со финансиската криза во 2008 година. 

повеќе