Французинот ги одработува последните 12 месеци од договорот

Рајола издвои еден тим во трката за потписот на Пол Погба

Мино Рајола ја отвори вратата за враќање на Пол Погба во Јувентус, вели дека Торино има посебно место во срцето на Французинот.

Пол Погба ги одбратува последните 12 месеци од договорот со Манчестер јунајтед, никако да пристигне абер за нова соработка, па често има гласини за иднината на фудбалерот од средниот ред.

Последните шпекулации го поврзуваа Пол Погба со трансфер во Барселона, но Мино Рајола ја отвори вратата за враќање на Французинот во Јувентус.

„Пол Погба е под договор до јуни, ќе разговараме со Манчестер јунајтед и ќе видиме што ќе се случи“ – вели контроверзниот агент.

„Торино има посебно место во срцето на Пол, па има шанси тој да се врати во Јувентус, но многу работи зависат и од плановите на Јувентус“.

Јувентус во 2012 го ангажираше Пол Погба беспари како слободен играч и по четири одлични сезони го продаде на Манчестер јунајтед во зделка вредна околу 105 милиони евра.

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе