Контроверзниот агент полека подготвува терен за трансфер

Рајола им објави војна на Солшер и Манчестер јунајтед: Погба не е ваш затвореник!

На Мино Рајола не му се допадна изјавата на Оле Гунар Солшер за Пол Погба, вели дека до сега се однесувал фино со Норвежанецот и додава дека тренерот на Манчестер јунајтед има поголеми грижи.

Контроверзниот агент во последно време често говори за иднината на Пол Погба и подготвува терен за негов трансфер, изминатиов викенд отворено флертуваше со Јувентус и раскажуваше како Италија е втор дом на фудбалерот.

Оле Гунар Солшер потоа изјави дека не го интересираат ваквите коментари и потсети дека Пол Погба е во сопственост на Манчестер јунајтед, а не на Мино Рајола. Но ваквите коментари кои сосема се на место предизвикаа жестока рекција од Италијанецот кој вечерва се огласи на социјалните мрежи.

„Пол не е моја сопственост, но сигурно не е во сопственост на Солшер. Не можете да поседувате човечко суштество, долго време такви се законите во Обединетото Кралство но и насекаде. Се надева дека Солшер не сакаше да сугерира дека Пол е затвореник. Но пред Солшер да коментира за работите кои сум ги кажал, требал подобро да се информира за темата на која се разговарало. Ја сум слободен граѓанин кој има право да каже што мисли. Очигледно до сега се однесував многу фино кон него. Солшер треба само да се потсети на работите кои летоска ги кажа за Пол. Мислам дека тој е фрустриран и сега ги меша работите. Солшер има поголеми грижи, и доколку бев на негово место, сигурно тоа ќе ми беше приоритет“ – напиша Мино Рајола.

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе