Мино открива како станал фудбалски агент

Рајола: 75 проценти од тоа што сум денес, го научив во ресторанот на татко ми

Најславниот фудбалски агент, Мино Рајола во големо интервју за „АС“ меѓудругото раскажува и за своите почетоци во во кариерата.

Семејството на Рајола потекнува од Неапол, но емигрира во Амстердам каде отвара италијански ресторан. Мино вели дека таму ги научил вештините кои го направиле она што е денес.

„Имав фантастично детство. Моите родители работеа напорно, тие беа емигранти за на своите деца да им обезбедат подобра иднина, како и многу други и тие се преселија во Амстердам“, вели Рајола.

„Моите родители отворија ресторан таму, кој беше многу успешен, работеа по цел ден. И ќе ви кажам дека 75 проценти од тоа што сум денес го научив во тој ресторан“.

„Таму научв како да се грижам за другите луѓе. Моите фудбалери ги третирам како да се мои деца. И во ресторанот беше така. За мојата фамилија, кога човек ќе влезе во ресторанот не го гледаме како клиент, туку како пријател кој треба да јаде, но можеби и сака да си ги каже своите проблеми или само да си направи муабет. Да се почувствува задоволно што сме заедно. Тој стана еден од најдобрите италијански ресторани во Холандија“.

„Таму работев од многу мал, најпрво ги миев садовите. За мојот татко беше нормалано да се работи 24 часа. На 14 години јас веќе го менаџирав ресторанот, бидејќи татко ми не зборуваше многу добро холандски, па јас преговарав со добавувачи, банки, адвокати“.

„Почнав многу млад бидејќи рано добив големи одговорности. Пред да станам агент купував недвижнини, ресторани, имав важна компанија на релација Италија - Холандија, и студирав економија и право“.

„Бев и спортски директор на мал холандски клуб, Харлем ФК кој го продаде Гулит пример, две години пред јас да станам спортски директор“.

„Во фудбалот влегов лабаво. На Харлем му требаа пари, а јас ја имав таа способност да гледам напред во работите кои му требаат на клубот и решенијата за да се подобрат работите. Видов можност италијански клуб да го купи Харлем и да го направи сателит клуб, тоа го видов како голема предност и за клубот и за мене. Им ја презентирав идејата на Наполи и им изгледаше добра“.

„Наполи сакаше во договорот да биде вклучен и фудбалер. Им реков дека да сум на нивно место би купил еден фудбалер од Ајакс, Денис Беркамп, па би го пратил прво во Харлем. Бизнисот не се случи, но ме стави во контакт со холандската унија на фудбалери, кои ги имаа сите, секој фудбалер во државата. Тие не знаеа како да прават трансфери. И јас почнав да носам играчи во Италија“.

„И мислите дека беше лесно кога отидов првпат во Италија да продадам фудбалер. Не. Беше многу комплицирано. Но продолжив, кога верувате во нешто, никој не може да ве сопре. Најдобрата работа која можете да ја направите со мене е да ме оставите на раат. Бидејќи ако се обидете да ме сопрете, тогаш ќе ја извадите целата енергија од мене и ќе го направам тоа што го сакам“.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе